Уставниот суд на Албанија ја суспендираше ратификацијата на договорот со Италија за прифаќање на 36.000 мигранти

t

Уставниот суд на Албанија денеска соопшти дека ќе ги разгледува жалбите на пратениците од опозицијата за договорот потпишан со Италија, кој подразбира дека Албанија ќе прифати до 36.000 мигранти и бегалци.
Со тоа ратификацијата на договорот што беше планирана за утре во албанскиот парламент е прекината, јавуваат албанските медиуми.


Два одделни жалби беа поднесени од Демократската партија на Албанија и 28 пратеници кои го поддржуваат поранешниот премиер на десниот центар Сали Бериша.
Во жалбите се тврди дека договорот ги прекршува Уставот и меѓународните конвенции до кои се придржува Албанија.
На 7 ноември, Албанија и Италија потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се повикува Рим да формира центри за управување со мигранти во Албанија, како мерка за запирање на нивниот зголемен прилив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 1.100 мигранти пристигнале на грчките острови…

Нов мигрантски бран ја зафати Грција, откако…

ДРАМАТИЧНИ СПАСУВАЊА ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Над 500…

Грчката крајбрежна служба во текот на ноќта…

Кос: Албанија би можела да стане членка…

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…

Албански студенти најавија нова партија „Обединети за…

Група студенти во Албанија, заедно со експерти…

(Видео) Стерјовски во ОН: Македонците во Албанија…

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција…