Уставот не е пиши-бриши тетратка, мора да има реципроцитет

t

Членот на Извршниот комитет во вечерашното на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека актуелната влада на СДСМ и Димитар Ковачевски Таче, своите фрустрации ги искажува на ВМРО-ДПМНЕ за сите порази кои што ги добива внатре и надвор од државата.

Проблемот е што оваа власт ваква каква што е сето она што внатре во државата и во регионалната балканска политика го добива како порази и автоголови, сите тие фрустрации ги искажува на ВМРО-ДПМНЕ и на луѓето кои што имаат македонски позиции, луѓето кои што треба да им се сојузници во одбрана на македонските позиции, тоа е проблемот, рече тој.

Недоверба која што ја има македонскиот народ кон оваа влада и мнозинството на граѓани во државата ја компензираат со слабеењето на нашите позиции секаде и внатре и надвор, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев смета дека заевистичките политики кои што ги спроведува СДСМ, како и изјавата на Заев дека Македонија и Бугарија се две држави со еден народ, директно ги нарушува македонските позиции.

Со оваа заевистичка политика, со овие политики на Зоран Заев кои што се уште живеат во СДСМ, и од кои што СДСМ не се дистанцира туку напротив ги продолжува, со изјавите на Зоран Заев дека има две држави а еден народ, се нарушуваат македонските позиции – порача Ѓорчев.

Според Ѓорчев кога била ВМРО-ДПМНЕ на власт имало вето само од Република Грција, за разлика сега кога има забелешки за корупција и немање на реформи од страна на Франција, Белгија, Данска, како и ветото од Република Бугарија.

Во време кога беше ВМРО-ДПМНЕ имавме вето само од Грција, потоа следната година дојде забелешки за корупцијата во Македонија од Франција, немање на реформи од државите како што се Белгија, Данска и цела низа на европски земји, сега дојдовме со оваа нивна политика и на вето од Бугарија – изјави Ѓорчев.

Во однос на отворање на Уставот за впишување на Бугарите како бугарска заедничка, Ѓорчев порача дека Уставот не е пиши бриши тетратка за да се менува секоја година, нагласувајќи дека доколку се бара такво нешто тогаш мора да се има реципроцитет.

Уставот не е тетратка кој што треба да биде пиши-бриши и кој што треба да го менуваме секоја година. За жал политиката на неразбраните трговци македонскиот устав стана една жалотека која што секој ја менува како сака. Значи ако имаме реципроцитет мора да се оди Устав за Устав – додаде Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа…

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за "360"…

ЗНМ: Квалификациите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ…

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира…

Исфрустрирани кретени од ДПМНЕ и СДСМ, вие…

Трагично е што двете најголеми политички партии…

Мицкоски на иста маса со уапсен нарко-бос:…

Порано велевме "нема криминалец што не е…

Заев ќе го менува Ковачевски, па Мицкоски…

Мицкоски се подготвува за широка коалиција со…