Објавено на:

(Видео) „Утро е, утро е“ на Нада Топчагиќ хит на изборите во Турција, на прославата на противникот на Ердоган и знамето на СФРЈ/ВИДЕО

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата ја призна историската победа на опозицијата на локалните избори, а граѓаните кои не го поддржуваат организираа прослави во повеќе делови на Турција.

На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од прославата на победата, а меѓу нив се издвојуваат оние на кои се пее песна од нашите простори.

Станува збор за хитот на пејачката Нада Топчагиќ „Утро е“, кој го турна во „орбита“ славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и го извлече од „нафталин“ кога се појави на сцената на италијанскиот фестивал Санремо во 2021 година.

А, синоќа во Истанбул се скандира „Кога те нема, подобро и да не се разбудам“ (Кад те нема боље да се нисам ни пробудила), се играше оро и се вееше и знамето на СФРЈ.

Се претпоставува дека снимките се направени во таканареченото „Балканско маало“ во Истанбул, каде, како што претходно објави Би-би-си, живеат околу 200.000 луѓе, од кои 60 отсто се Бошњаци, а 20 отсто се Македонци.

„Тој дел од градот официјално се нарекува „Јилдирим Махала“, но луѓето најмногу го знаат како балканско маало“, изјави Јусуф Емин, новинар и актер од Истанбул, за Би-Би-Си на српски јазик во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…