УХМР со најнова прогноза: Се очекуваат интензивни врнежи и силен ветер
Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи особено на југоистокот. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени, соопшти УХМР.
Од утре попладне и потоа преку ноќта, под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани: Кој ќе го оправда…
Од 1 октомври одбраната започнува со своите…
АНБ: Разбиена мрежа на псевдо-портали преку кои…
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница…
Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на…
Русија планира рекордни воени расходи за 2027…
Русија планира да издвои 17,1 билиони рубљи,…
Во овој македонски град утрово измерени -2…
Најстудено утрово е во Берово -2 степан,…