Училиштата во Центар ќе се дезинфицираат пред почетокот на наставата
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на сите општински основни училишта по повод започнувањето на новата учебна година. На состанокот се разгледуваа финалните подготовки за првиот училишен ден.
Како што информираат од Општината, во сите училишта во тек се активности за темелно чистење, а во наредните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел обезбедување на безбедни и хигиенски услови за учениците и наставниот кадар.
За прв пат оваа година, Општина Центар обезбеди бесплатни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Носењето на униформите ќе биде задолжително за сите основци. Трета година по ред, сите првачиња ќе добијат бесплатни ранци и училишен прибор, како дел од заложбата на општината за поддршка на учениците и нивните семејства.
Вложуваме во образованието, вложуваме во нашата иднина. Сакаме да им овозможиме на децата еднакви услови за учење и да покажеме дека образованието е еден од нашите највисоки приоритети, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Дронови, хеликоптери и 31.000 надзорници ги обезбедуваат…
Новата учебна година во Турција почна денеска…
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…
Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…