УШТЕ ЕДЕН МАСАКР во Калифорнија: Убил седум лица на две фарми
Седум лица се убиени во престрелки на две локации во северниот дел на Калифорнискиот крајбрежен град Халф Мун Беј, кои се чини дека биле извршени од истото лице кое било приведено, соопштија локалните власти.
Градот Халф Мун Беј се наоѓа на околу 50 километри јужно од Сан Франциско.
Полицајците кои се јавиле на повикот на првата локација пронашле четири мртви и уште едно рането, а потоа пронашле уште три мртви лица на втора локација во близина, изјави шерифот Кристина Корпус на прес-конференција.
Двете локации на кои се случија нападите се фарми, а како што објави Сан Франциско хроникл, една од нив е фарма со печурки.
Видеото објавено од ABC 7 во Халф Мун Беј го прикажува апсењето во кое двајца мажи во цивилна облека и еден во униформа, со пиштоли во рака, му наредуваат на човекот да излезе од автомобилот. Осомничениот за престрелката излегол, бил соборен на земја и претресен. Набрзо на местото на настанот пристигнале уште вооружени полицајци во униформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
Жена од Росоман почина од западнонилска треска
Жена од Росоман е единаесеттата жртва на…
Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…
Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…
МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ 2000 РАБОТНИ МЕСТА: Во…
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ планира нова…
Над 1.400 луѓе во Македонија ќе гласаат…
Во Македонија се пријавиле 1.438 луѓе за…