Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

t

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад. – пишува во соопштението на СДСМ.

Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.

До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?

Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.

За тоа мора да има одговорност.

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка? – прашуваат од опозициската партија.

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Тошковски не планира да се повлече: „Оставка“ не ги менува фактите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…

По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…

СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…

Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…