УЈП удри по ситните дуќанџии – Големите трговци блиски до власта се заштитени како бели мечки

t

Изминатите неколку дена УЈП предводено од партискиот кадар на СДСМ, Сања Лукаревска врши брутална хајка врз најситните трговци и продавници, додека големите трговци никој не ги контролира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Под изговорот „контрола“ на маржите се удира врз најситните дуќанџии додека големите трговски субјекти блиски до власта се заштитени како бели мечки.

Тимови составени од партиски кадри влегуваат во ситните маалски продавници и врз строго селективни критериуми, политички селективно изрекуваат казни, и ги товорат со дополнителни трошоци осудувајќи ги на пропаст.

Тие не се задолжени да констатираат крупни неправилности туку да извршат хајка врз тие кои не мислат како власта, стои во партиското соопштение и се додава:

„Еден од таквите тимови на УЈП е предводен од Александар Ѓорѓиоски, претседател на младите на СДСМ Прилеп и актуелен советник, вработен во УЈП. Ѓорѓиоски наместо да се соочи со обвинителен акт поради тоа што во време на изборите се закануваше по безбедноста и животот на детето на прилепскиот градоначалник д-р Јовчески, тој дели казни во име на УЈП и затвора маалски дуќани низ градовите Охрид, Битола, Прилеп.

Ваквите политички мотивирани хајки говорат дека институциите се киднапирани, но и дека власта губи контрола соочени со драстично малата поддршка и револтот на народот поради неспособната влада.

Тоа значи дека на СДСМ му гори под нозе и доаѓа времето за одговорност за сите нивни злодела“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…