Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

t

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.

Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата „Отворено општество“ и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече Филипче.

На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.

Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…