Фарски Острови билетите за мечот со Македонија ги продадоа за – две минути!
Македонската ракометна селекција ќе се соочи со (пре)полни трибини на првиот меч против Фарски Острови од баражот за пласман на СП 2025, откако билетите за оваа средба беа продадени за нецели две минути.
Челниците на ракометната федерација во оваа далечна земја среде Атлантскиот океан во продажба пуштија 1.000 влезници по цена нешто поголема од 20 евра. Кои буквално веднаш беа продадени преку интернет. Капацитетот на салата во Торшавен изнесува 1.700 гледачи, што значи дека преостанатите билети ќе бидат поделени на спонзорите и пријателите, како гаранција за тотална исполнетост на трибините.
Првата бараж-средбата е закажана за 8 мај и ќе почне од 18 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје и тоа во „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…