Фатен бегалец баран со пет потерници
Вчера околу 23.30 часот на место викано Ветерско во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с. Сингелиќ, скопско, соопшти полицијата.
Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за повеќе извршени кривични дела криумчарење мигранти по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…