Објавено на:

Фајзер сака и децата од 5 до 11 години да примаат трета доза вакцина

t

Фармацевтската компанија Фајзер денеска соопшти дека сака да ја прошири вакцинацијата со третата, „засилена“ доза против коронавирусот во САД на здрави деца на возраст од пет до 11 години.

Американските власти претходно ги повикаа сите луѓе на возраст од 12 години и постари да примат трета доза од вакцината за подобра заштита од најновите варијанти на коронавирусот, а неодамна дозволија да се даде четврта доза на 50-годишници и постари.

Нова студија покажа дека третата доза дадена на децата шест месеци по втората го зајакнала нивниот имунолошки одговор, соопшти Фајзер. Овие податоци не се објавени или потврдени од независни експерти.

Компанијата наведува дека во наредните денови ќе побара од американските власти да одобрат давање на трета доза на здрави деца на возраст од пет до 11 години и оти податоците ќе ги сподели со европските и другите регулаторни тела.

Вакцината на Фајзер е единствената што децата во САД можат да ја примат. Децата од пет до 11 години добиваат една третина од дозата дадена на лица на возраст од 12 и повеќе години. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

Автобус полн со деца излета од пат…

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн…

Кина е најскапото место на светот за…

Според последните извештаи, Кина е најскапото место…

Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица

Нови 28 случаи на голема кашлица од…

Лекари без граници: Децата во Газа ни…

Oд „Лекари без граници“ велат дека мали…