Објавено на:

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за најголемиот грабеж на криптовалути

t

Хакери од Северна Кореја се одговорни за кражбата на криптовалути во вредност од 625.000.000 долари, што се случи на 23 март, се вели во најновото соопштение на ФБИ.
Американскиот сервис тврди дека групата „Лазар“, најпознатата севернокорејска хакерска банда, се обидува да ги „испере“ украдените криптовалути за режимот на Ким Џонг Ун, до кои дошла откако го хакирала блокчејн проектот „Ронин“.

„ФБИ продолжува да се бори против злонамерните сајбер активности, вклучително и заканата што ја претставуваат севернокорејските хакерски групи за приватниот сектор во САД. „Преку нашата истрага, успеавме да потврдиме дека групите „Лазар“ и „АПТ38“, поврзани со Северна Кореја, се одговорни за кражба на криптовалутата етереум вредна 620.000.000 долари“, посочува ФБИ.

Како што се наведува понатаму, режимот во Пјонгјанг се обидува да дојде до пари преку сајбер криминал и кражба на криптовалути.

Во грабежот на 23 март, хакерите успеаја да извлечат 173.600 етериуми и 25.500.000 стабилни коини, валута која е поврзана со вредноста на американскиот долар.

Групата „Лазар“ изминативе години беше осомничена за бројни сајбер кражби, чиј плен се проценува на повеќе од милијарда долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Пад на вредноста на криптовалутите денес

Биткоинот падна за 6,12 отсто на 58.346,75…

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на…

Апелациониот суд на Црна Гора ја потврди…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…