Филипче: Владата на СДСМ ги зголеми примањата на здравствените работници за 150 до 200%
Во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче потсети на неговите активности во периодот кога ја извршуваше функцијата министер за здравство.
– Вкупните примања за здравствените работници се зголемија за 150-200%, зборувам и за плати и за дежурства, излеговме во пресрет на пациентите со малигни заболувања, но суштински промени во здравствениот систем може да се случат кога ќе се смени текот на парите, односно начинот на кој се финнасира здравствениот сектор. Фондот треба да стане купувач на услуги. Јас кога бев министер за здравство се сретнав со тогашниот германски колега, кој сега е близок соработник на Мерц, кој вели болниците се на фондации, организации и слично, а Фондот ги купува тие услуги, односно Фондот не гради болници, не дава плати, не реконструира кровови, туку само купува услуги, вели Филипче.
Во врска со Клиничкиот центар кој не е изграден, Филипче вели дека ВМРО-ДПМНЕ го спречи тој проект, а пациентите кои доаѓаат во Скопје се навистина греота затоа што веќе нема капацитет за да опслужи толку пациенти колку што доаѓаат.
– Доколку има таков закон за Клинички центар, како што ние предложивме, а ВМРО-ДПМНЕ блокираше, ние апсолутно ќе го поддржиме, истакна Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…
Владата планира да набави 100 амбулантни возила…
Директорот на Службата за општи и заеднички…