Филипче: Владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност

t

Резочараноста на граѓаните од владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е големо и присутно низ целата земја, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше каде што беше во посета.

-Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето, рече Филипче.

Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ во време на најголема здравствена и економска успеаваше да ги покачува платите и да покаже вистинска грижа за работниците.

-Христијан Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска Владата,рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…

Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…

Мицкоски од Брисел: Македонија мора да има…

Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи…

Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид…

Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за…

Митева со осуда кон насилството врз младата…

Фејсбук статус на Марија Митева, портпарол на…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…