Филипче: ВМРО-ДПМНЕ гласаа против законот за Кочани, а луѓето не можат да врзат крај со крај
Во своето гостување во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче остро ја критикуваше Владата и ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, срамната блокада на предлог-законот за помош на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
„Законот во Кочани им нуди конкретна финансиска поддршка на луѓето – тие не можат крај со крај да врзат. Тие се нон стоп по доктори на преврски“, рече Филипче, додавајќи дека ниту помош преку Црвен крст не им е стигната: „Ништо не добиле тие луѓе. Зарем треба само Црвениот крст да помага? Каде е државата?“
Филипче порача дека предлогот нема никаква врска со ПР или политичка калкулација: „Нема ни ‘П’ од популизам во овој закон – тоа се реални потреби“, истакна тој. „Тоа за Кочани оваа Влада што го прави е греота. На луѓето стварно им е потребна помош и поддршка.“
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ систематски блокира закони што се во интерес на граѓаните: „Не поддржаа закон за минимална плата, за плата на работниците во приватниот сектор, за ДДВ на храна, за ДДВ на струја – ниту еден закон што го олеснува животот на граѓаните оваа Влада не поддржува“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кузеска: Кујните на ДПМНЕ и нивните…
„На јавноста, многу сликовито ќе и покажеме…
Жерновски до Муцунски: Има рок од 3…
Членот на ИО на СДСМ и екс-амбасадор,…
Пукна резил во Куманово: Членовите на ВМРО…
Ауууууууууууу Гаси Светло !!! Од Инбокс: ЈАВНА…
ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во…
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Добрите економски…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…