Филипче: ВМРО-ДПМНЕ надвор од пропагандата нема што друго да каже, се што ветија, излажаа

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори, порача дека СДСМ има јасна и искрена понуда за граѓаните – квалитетни кандидати кои доаѓаат со силна поддршка и доверба од теренот.

Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ е единствана партија која со сите политики и одлуки секогаш пред очи го има граѓанинот, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои се што ветија, излажаа и не исполнија.

„Лажеа за Европа, лажеа за сите добри политики. Што збореа за Европа, ќе има подобри преговарачки позиции, судот од Стразбур ќе се борел за да се имплементираат одлуките во Бугарија за нашето малцинство, дека ќе има уставни измени со одложено дејство, дека името ќе го вратат, дека договорот со Бугарија ќе го поништат. Ништо не направија, ништо за граѓаните“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради цела политичка стратегија врз лаги и манипулации, кои денес се разобличени пред очите на граѓаните. Паралелно ги одбија сите добри политики на СДСМ за да им е помогне на граѓаните во услови на растечки трошоци живот и стагнирачки ниски плати.

„Надвор од пропагандата, оваа власт денес нема што да каже. Дадовме предлог за повисоки плати? Дадовме предлог за ДДВ? Нема шанси, ниту една политика за доброто на граѓаните не ја прифаќаат и немаат намера да направат нешто. Сега луѓето тоа полека го гледаат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…