Филипче: Граѓаните ќе платат дополнителни 20 милиони евра за камати од скапите задолжувања
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини за скапите задолжувања на Владата дека ќе ја чинат државата дополнителни камати, а товарот ќе го сносат граѓаните.“
Тој посочи дека се отвораат прашања за начинот на задолжување и условите под кои се земаат средствата.
„Иако е најавено дека побарале 300 милиони евра, од конзорциум на банки, Министерство за финансии, Владата добила 260 милиони евра. Значи, поради стратегијата да не се земе вкупно преку издадена обврзница милијарда и триста милиони евра, туку се земала милијарда по поповолни услови и по понеповолни 260 милиони евра, државата повеќе должи по основа на камата дополнителни 20 милиони евра“, потенцираше Филипче.
Филипче посочи дека ваквите постапки отвораат прашања за одговорност.
„Се поставува прашањето, кој ќе понесе одговорност за ова? Дали министерката за финансии ова може да го објасни?. Дополнително, зошто точно не се наведува каде ќе одат овие пари? За што се потребни? За какви трошоци. Овие пари се земаат за тековни трошоци и, како што веќе знаете, партиски тендери“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…