Филипче до Мицкоски: Не ти се плашиме

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција му порача на премиерот Мицкоски дека СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците од власта, и нагласи дека борбата против автократските и корумпирани политики ќе продолжи.

„Сакам да му порачам на премиерот дека СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците за прогон. Никој не му се плаши. Креира и нарачува процеси, убеден дека така ќе внесе страв и ќе ја сопре нашата борба со овој автократски режим и овој корумпиран режим којшто тој го води. Се лаже, нема повлекување, ние нема да запреме“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче предупреди дека СДСМ се соочува со отворени закани, што не е својствено за демократските општества.

„Опозицијата добива отворени закани. И ова го нема во ниту една развиена земја во Европа. Ова што премиерот го прави едноставно го нема во ниту една демократска земја во светот. Отворени закани со обвиненија, најави за прогон на политички противници и нивни семејства. Тоа е злоупотреба на службената должност, на премиерот.И користење на контролирано обвинителство и судство како орудие за пропаганда и заплашување. Тоа, почитувани граѓани, не е демократија. Ова што се случува, како и што предупредувавме, во изминатите две години, е една класична автократија“, рече Филипче.

Тој додаде дека ваквите политики на Мицкоски ја оддалечуваат државата од европскиот пат.

„Ова не е земја која што беше до пред две години. Ова не е проевропската Македонија. Ова е проруска земја која што ја води рускиот прокси играч Христијан Мицкоски. Ова не е демократија“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…

Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…