Филипче за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција

t

По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот д-р Венко Филипче во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

“На сите верници од исламската вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам.

Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите.

Со искрени желби за добро здравје и благосостојба, на сите верници од исламската заедница им посакувам овие празнични денови да донесат духовен мир, разбирање и заедништво во секој дом. Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција, во кое секој граѓанин се чувствува ценет и прифатен.

Нека е честит и вековит празникот Курбан Бајрам”, порачува во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…