Филипче: Мора во Собрание да се слушне гласот на родителите на загинатите и повредените деца во Кочани
„Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владејачкото мнозинство каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, меѓутоа сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани“.
Ова денеска во Собранието го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Според него, „Поради тоа што мора да имаме одговорност пред општеството, пред државата. Тоа е пред се на барање на родителите, на загинатите и повредените деца. И апелирам сега до сите пратеници да го поддржат формирањето и одржувањето на таа анкетна комисија само за трагедијата во Кочани. Рековме немаме проблем ќе гласаме и ќе ја поддржиме и таа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција во којашто сака да се разговара за сите трагедии претходно“.
„Во јавноста излегоа повеќе луѓе, ги коментираа овие иницијативи, правници и така натаму. Легитимни се нивните ставови. Треба да се земат предвид дали има, дали нема судски процеси, каде се завршени. Но што сметам дека е најбитно во овој контекст и апелирам сите, дури експертите ова да го работат. Имаме ние пред се и морална обврска пред сите луѓе коишто ова го бараат од нас. Мора да се слушне гласот во Собранието на луѓето чиишто е ова практично дом. Тоа се сите граѓани во конкретниот случај родителите на загинатите и повредените деца коишто ова го бараат од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат анкетната комисија за несреќата во Кочани како што сите ние ќе ја поддржиме и таа друга анкетна комисија којашто тие ја предлагаат“ рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…