Филипче од Струмица: Подготвуваме предлог закон за регулирање на породилното отсуство на жената земјоделка

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот Осмомартовски марш во Струмица денеска по повод Меѓународниот ден на жената-8 Март, најави дека СДСМ подготвува предлог закон за регулирање на породилното отсуство на жената земјоделка.

„Би сакал да најавам дека веќе работиме на предлог закон со кој дефинитвно веќе ќе се регулира породилното отсуство на жената земјоделка.Во нашиот мандат го решивме правото на користење надоместок за мајчинство за жените земјоделки, го донесовме Законот за прекинување на бременоста, ставајќи ја волјата на жената на прво место и враќајќи ја контролата врз сопственото тело на жените. Со Законот за минимална плата, во 2017 година, за првпат се обезбеди изедначување на минималната плата за работниците во повеќе индустри како текстилната, кожарската и чевларската индустрија каде најголем процент од вработените се токму жени. Се со цел економско јакнење на жената“, рече Филипче.

Во своето обраќање, Филипче посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на животниот стандрад и за општество во кое жените ќе се јакнат на сите позиции, без да наидуваат на затворени врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…