Филипче: СДСМ не стои зад протестите на синдикатите, но ги подржува барањата на работниците

t

СДСМ не стои зад протестите на синдикатите но ги подржува барањата на работниците, истакна на денешната пред конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека платите се ниски и луѓето не можат да преживеат затоа потребни се промени и раст на платите па оттука рече Филипче и прифаќање на барањето да минималната плата се зголеми и да биде 30 000 денари.

„Апелирам Владата да излезе во пресрет на барањата на работниците, платите се ниски цените се надвор од контрола, луѓето едноставно не можат да преживеат. Рационално и реално е барањето да минималната плата биде 30 000 денари. Има како да се воспостави точно е дека има Методологија меѓутоа секогаш со политичка интервенција може и законот да се смени со цел да се излезе во пресрет на барањата“, рече Филипче.

Притоа тој потсети на амандманите и предлог законите на СДСМ за зголемување на минималната плата, за зголемување на платите во јавниот сектор, понатаму предлог законот за зголемување на платите во приватниот сектор преку системот на ослободување од дополнителните давачки на платите со цел работодавачите од приватниот сектор да се растеретат. Сите овие предлог закони од кои ниту еден не беше прифатен од власта, напомена претседателот Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…