Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

t

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче денеска се сретна со млади лекари во Струмица. Филипче ги слушна ставовите на младите лекари кои имаат зрел пристап кон сложеноста на здравствениот систем.

Како што соопштија од СДСМ, на средбата неврохирургот Филипче истакнал дека како пратеник ќе се залага да се создаде квалитетен и долгорочно одржлив систем за здравствена заштита, како и дека ќе се залага за носење политики кои ќе спречат одлив на лекари и друг медицински персонал надвор од државата.

„Моите млади колеги секогаш во разговорите кои ги водам со нив, покажуваат дека имаат зрел пристап кон сложеноста на здравствениот систем. Затоа ќе продолжам да ги застапувам вашите интереси и давам безрезервна поддршка на вашите конструктивни предлози и иницијативи“, рече Филипче на средбата.

Носителот на листата за пратеници на СДСМ во ИЕ 4, Венко Филипче на средбата истакна дека ќе се залага и за воведување програми за едукација на младите лекари кон повисоки професионални достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни лекари кои ќе работата во клиниките и болниците низ државата.

Денеска Венко Филипче даде поддршка на протестот на приватните лекари специјализанти кои бараат покачување на месечниот надомест, согласно растот на платите.

За прв пат приватните лекари специјализанти добија месечен надомест во 2018 година, кога Венко Филипче беше министер за здравство. Во мандатот на Филипче, за прв пат младите лекари специјализанти добија и здравствено осигурување и платени дежурства. Здравственото осигурување им беше укинато на младите лекари кога Филипче замина од министерската функција, а висината на месечниот надомест остана на 26.000 денари, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…

Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…

ЕЦБ предупредува: Задолжувањето за вештачка интелигенција потсетува…

Европската централна банка предупреди дека брзиот раст…

(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по…

Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции…