Објавено на:

Филмски грабеж во Суботица: Ја претепа вработената, го украде златото и побегна на мотор

t

На улицата „Рудиќ“ утринава во Суботица се случи драматичен грабеж при што беше ограбена локална златарница.

Според неофицијални информации, маскиран маж влегол во објектот веднаш по отворањето. Тој ја испрскал жената во златарницата со бибер-спреј и неколку пати ја удрил, по што успеал да побегне со големо количество злато.

Полициската управа во Суботица потврдува дека сè се случило околу 9:15 часот.

Откако го извршил грабежот, осомничениот се оддалечил од местото на настанот со мотор, додека видно трауматизираната жена од златарницата веднаш повикала помош.

Набрзо на местото пристигнале неколку полициски патроли, кои ги блокирале околните улици и го обезбедиле просторот.

Во текот на утрото, форензичари извршија детален увид на лице место и собраа докази што би можеле да помогнат во брзата идентификација на сторителот.

Како дел од интензивната истрага, беа прегледани и надзорните камери во близина на златарницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве кои се компаниите за брзи кредити…

Скопското Тиго и тетовското Фикс кредит, дознава…

Трамп најави нови царини за 13 земји…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи…

(Фото) Професорот Фрчковски меѓу присутните: Протест на…

Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание,…

ЕК очекува сите земји членки на ЕУ…

Европската комисија денеска појасни дека се очекува…

Мерц: „Ќе ѝ покажеме на Русија каде…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека руските…