Финансиската полиција уапси членови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и телохранител на Христијан Мицкоски

t

Инфомакс дознава дека пред малку е уапсен член на обезбедувањето на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Во акцијата се уапсени повеќе лица, од кој најголемиот дел се членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ меѓу кој е и член на обезбедувањето на Мицкоски со иницијали В.И.

Покрај членот на обезбедувањето уапсен е Д.Т. поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево во периодот од 2013-та до 2017-та година.

Случајот го отвори Управата за финансиска полиција која поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба на фотонапонски централи.

Финансиска полиција посочува дека лицата од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани. Успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.

„Првопријавениот и второприjaвениот во својство на управители на ‘ЕВН – Електрани Македонија’ свесно и со однапред утврдена намера со изготвување анализи на трошоци и добивки со лажни податоци, прикривајќи суштински факти, лажно презентирајќи несоодветни земјишта како да се соодветни за намената за која се купуваат поради фактот што одредени земјишта не ги исполнуваат условите за пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредени земјишта се во несоодветна категоризација на земјиште за намената за која се купуваат, презентирајќи пазарни цени што не соодветствуваат со реалните пазарни цени на земјиштата за конкретната категоризација и класа на земјишта прикривајќи го фактот дека пријавените физички лица – продавачи се меѓусебно поврзани, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН да донесе одлука за склучување договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи“, соопштуваат од финансиска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…