Финска ја затвора границата со Русија

t

Министерството за внатрешни работи на Финска се подготвува да ја ограничи работата на граничните премини со Русија, дури и да ги затвори, изјави министерката Мари Рантанен.

„МВР подготвува предлог според кој граничните премини ќе се затворат или ќе им се ограничи работата. Сегашната законска регулатива тоа го дозволува“, објасни министерот.

Рантанен објасни дека финските власти би можеле да донесат таква одлука поради неконтролираниот прилив на бегалци од Сомалија, Јемен, Сирија и други земји. Според неа, Хелсинки и Москва разговарале за ова прашање, но тоа не го донело
„посакуваниот резултат“.

Минатата недела 71 бегалец ја минале финската граница од Русија.

По масовното пристигнување на бегалците во 2015-2016 година од Африка и Блискиот Исток преку Русија, Финска го промени законодавството кое дозволува затворање на индивидуалните гранични премини за прием на бегалци, освен преку аеродромот Хелсинки-Вантаа.

Од 9 ноември, финските власти го ограничија влезот на велосипеди преку три контролни пунктови на југоисточната граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години,…

Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен…

МЕПСО бара зголемување од 97% на цената…

МЕПСО бара зголемување од над 97 проценти…

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре, 22…

Осум новозаразени со ХИВ/СИДА во септември, евидентирани…

Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани…