Финска ќе добие нови оклопни возила на тркала
Финските одбранбени сили ќе купат тешки оклопни возила „Patria 6×6“ во рамките на програмата „Common Armored Vehicle System“.
Како што е наведено од компанијата, финскиот министер за одбрана Анти Хакенен ја овластил логистичката команда на финските одбранбени сили да започне нивна сериска набавка, пренесува „defence-blog“.
Првата фаза од аквизицијата ќе вклучува едно возило од пред серијата и 20 далечински станици за оружје на Конгсберг кои ќе бидат интегрирани во возилата.
Договорот ќе вклучува и опција за дополнителни набавки на 18 возила, како и одредби за опрема, одржување, резервни делови и обука.
„Варијантите на тешки оклопни возила отстапуваат од основните варијанти на возила Patria 6×6 со повисока стапка на заштита и огнена моќ што овозможува подобро покривање на пример во задачите за управување со кризи.
Тешкото оклопно возило „Patria 6×6“ со системи за далечинско управувано оружје е крајниот резултат на тимската работа за истражување и развој на неколку земји“, вели Јуси Јарвинен, извршен потпретседател на Финска дивизија на Патриа.
Покрај Финска, во програмата моментално се вклучени и Летонија, Шведска и Германија.
Програмата започна во 2020 година, а во рамките на заедничкиот напор се нарачани околу 700 вакви возила. Заедничката програма го зголеми интересот и во други земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Сам одлучив да ги запалам“: Обвинетиот за…
Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Финска заврши со поставување ограда на границата…
Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…
Финска воведе ограничувања во воздушниот и морскиот…
Финска привремено го ограничи воздушниот и морскиот…
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…