Фицо: Русија го прекрши меѓународното право, но имаше сериозни причини за тоа
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Русија имала „сериозни безбедносни причини“ да изврши инвазија на Украина.
„Никој не спори дека руската употреба на воена сила во Украина е кршење на меѓународното право. Меѓутоа, Русија имаше сериозни безбедносни причини за тоа бидејќи долго време беше заведена во заблуда за проширувањето на НАТО“, рече Фицо на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во САД.
„Конфликтот можеше да заврши набргу по неговото започнување“, додаде тој. Во својот 15-минутен говор, Фицо ги поддржа и неодамнешните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека на Зеленски „всушност му е потребна оваа војна“ за да остане на власт.
Тој се осврна и на тврдењето на Трамп дека Зеленски е диктатор.
„Кога има војна, не може да има демократски избори… Кога има војна, тешко е да се истражи каде завршиле огромен дел од средствата дадени на Украина“, рече Фицо.
Тој тврди дека „апсолутното мнозинство“ од земјите-членки на Европската унија, освен Словачка и Унгарија, „ја поддржуваат идејата дека војната во Украина треба да се искористи за политички и економски ослабување на Русија“.
„Украина беше жртва на лоша стратегија“, убеден е тој.
Исто така, го обвини Брисел дека „притиска за американско-руски преговори, иако отворено ја поддржува војната во Украина веќе три години“.
„Европа во секој случај треба да му помогне на американскиот претседател што поскоро да ги прекине бесмислените убиства во Украина, а не да го попречува во остварувањето на таа цел“, нагласи тој.
Овој говор доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Фицо и Зеленски. Фицо, кој одржува пријателски односи со Русија, му се закани на Киев по прекинот на транзитот на рускиот гас преку украинска територија на 1 јануари. Во својата изјава на 28 јануари, Фицо го нарече Зеленски „непријател“ на Словачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…