Фокус: Возила на бугарската амбасада биле оштетени во сообраќајни незгоди, дали амбасадорот Радуков бил зад воланот?!
На крајот на минатата и почетокот на оваа година, 2 возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија, марка BMW 5, биле оштетени, поради што била пријавена штета во осигурителна компанија, која направила пресметка и изршила исплата, која за вториот случај изнесувала 15 илјади евра, од причина што била потребна замена или поправка на дури 41 дел од автомобилот со дипломатски таблички, пишува „Фокус“.
Според информациите на Фокус, таквиот епилог бил резултат на сообраќајна незгода во центарот во Скопје, која не била пријавена во МВР веројатно бидејќи не станува судар меѓу возила, туку за удар во статичен објект. Се обративме до Амбасадата, но досега не добивме одговор дали амбасадорот Жељаско Радуков го управувал возилото.
Иако беше симптоматично тоа што овие информации, првично пласирани од регионални медиуми со проруска и антинато ориентација, излегоа во време кога Македонија водеше стратешки дијалог со САД, сепак, никој не го оспори делот дека овој непријатен настан поврзан со Колев навистина се случил пред околу 2 години.
Тогаш, изостана било каква реакција или објаснување од страна на се уште актуелниот македонски амбасадор во Русија, додека од Министерството за надворешни работи посочија дека побарале „детални и целосни и информации“ во врска со случајот, по што ќе биде донесена „соодветна одлука“.
Сепак, оттогаш до денес поминаа повеќе од 3 месеци, но јавноста не дозна дали и евентуално каква одлука е донесена од страна на МНР во врска со Колев, кој се уште официјално фигурира како амбасадор на Македонија во Русија.
Имено, Етичкиот кодекс за вработените во МНР, меѓу кои влегуваат и дипломатите, покрај останатото, предвидува дека тие треба да се однесуваат согласно принцпите на законитост, професионалност, ефикасност, одговорност, но и да имаат „висок морал“, при што мора да внимаваат на угледот на дипломатската служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фокус: Возила на бугарската амбасада биле оштетени…
На крајот на минатата и почетокот на…
Уапсени петмина педофили во Србија: Се претставувале…
Пет лица се уапсени во Србија во…
Бугарин по расправија ја полил сопругата со…
Обвинителството во Бугарија поднесе обвинение против 48-годишен…
Собранието ги усвои законите за нов заем…
Собранието по скратена постапка вечерва ги усвои…
Грција масовно ги одбива шенгенските визи за…
Во јули, руските граѓани се соочија со…