Фондација Заев со порака до младите дека може да се биде успешен и во Македонија: Овде се случува европеизација на државата
Фондацијата Заев во рамките на своето дејствување го започна серијалот “Успешни приказни” кој има за цел да пренесе порака до македонскиот народ, а посебно до младите дека може да се биде успешен и во Македонија.
„Овде е борбата. Овде се случува европеизација на државата. Овде се реформите што треба да ги правиме. Во Северна Македонија допрва ќе се крева економскиот стандард на граѓаните и ќе се унапредува животот на народот. Сите овие предизвици се поголеми дома и имаат поголемо вредносно значење за сите нас како граѓани на оваа држава. Во другите земји од Западна Европа, тоа е веќе постигнато. Затоа треба тука да работиме и вложуваме за наш личен успех, но и за успехот на државата и граѓаните. Со работниот и интелектуалниот капацитет и квалитетот кој го поседуваме може да се напредува и успева и дома. Тука се остава трага. Тука, дома, може да оставите свој личен печат.“ – стои во објавата.
За почеток на серијалот, својата успешна приказна ја раскажува, Асс Д-р Наталија Цоклеска Шунтов, детски хирург во ЈЗУ Клиника за детска хирургија.
Наталија на сите млади им порача да ги следат своите соништа бидејќи соништата се остваруваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…