Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доби нов директор

t

Владата на денешната седница го именува Арсим Хасани за в.д. директор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), соопштија од „Илинденска“.

„Владата даде согласност на Одлуката од 17.03.2023 година на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со којашто за вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија е именуван Арсим Хасани“, се вели во владиното соопштение.

Хасани е кадар на Алијанса за Албанците, а неговото назначување на челната позиција во Фондот за ПИОМ е дел од договорот со кој оваа партија минатиот месец ѝ се приклучи на владејачката коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа…

Владата на Република Македонија ја разгледа и…

Најавена „минимална пензија“ – Која е состојбата…

Со усогласувањето што оди од јануари, сите…

Прво дебата па покачување на пензиите –…

Најдоцна до следниот месец власта, експертите и…