Фон дер Лајен: Главен приоритет е брзо воспоставување врски со новото раководство во САД
Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска, да бидеме подготвени за преговори и да бидеме прагматични во преговорите…Милиони работни места во светот зависат од меѓусебно поврзаните економии на ЕУ и САД, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот пред европратениците во Стразбур.
„Секогаш ќе се придржуваме до нашите европски принципи“, додаде таа.
„Влеговме во нова ера на остро геостратешко ривалство“, истакна Фон дер Лајен. Според неа, дејствијата на големите земји ќе бидат насочени пред се кон остварување на сопствените интереси.
„Нашите вредности нема да се променат, но за да ги заштитиме мораме да бидеме економски силни“.
„Мора да се намалат цените на енергијата, а во исто време дополнително да се намали нашата зависност од рускиот увоз на енергенси. Мораме да инвестираме во чиста енергија, да ја подобриме преносната мрежа“, истакна фон дер Лајен.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта рече дека земјите од ЕУ треба да продолжат со помошта за Украина онолку долго колку што е потребно.
Според неговите зборови, пристапувањето на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан во ЕУ е најголемата инвестиција во мирот и безбедноста за европското општество и континентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…