Фон дер Лајен: Европа цврсто стои покрај Украина, финансиски и воено!
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес пристигна во Киев, на четвртата годишнина од почетокот на војната, потврдувајќи ја поддршката на Европа за Украина. Таа рече дека Европската Унија продолжува да стои покрај Украина воено и финансиски.
„Во Киев по десетти пат од почетокот на војната. Да потврдиме дека Европа цврсто стои покрај Украина, финансиски, воено и во текот на оваа сурова зима. Да ја нагласиме нашата континуирана посветеност на праведната борба на Украина“, рече таа. Фон дер Лајен нагласи дека мирот може да се постигне под условите што ги постави Украина.
„Да се испрати јасна порака до украинскиот народ и агресорот: нема да попуштиме додека нема мир. Мир под украински услови“, истакна претседателката на Европската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Фон дер Лајен му парира на Трамп…
Европската унија ќе инвестира дополнителни 200 милиони…