Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија и Македонија во проектот вреден над 70 милиони евра

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за време на обиколката на работите на изградбата на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград во Јелашница најавија дека Србија ќе изгради гасна конекција со Македонија, која ќе чини над 70 милиони евра, што ќе биде важно за диверзификација на изворите за снабдување со гас, јави дописникот на МИА од Белград.

Говорејќи за 500 милиони евра бесповратни средства од ЕУ во инвестиции во инфраструктурата, Фор ден Лајен спомена три проекти – Трансбалканскиот струен коридор од Италија преку Србија до Бугарија, изградбата на нова енергетски ефикасна Универзитетска детска болница и изградба на Гасен интерконектор меѓу Србија и Македонија.

– Господине претседателе, вие ми објаснивте дека тоа е многу важно, а тоа е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, со што регионот ќе се комплетира. Сето тоа е во нашите проекти – изјави Фон дер Лајен.

Вучиќ на претседателката на Еврокомисијата и пренесе дека за Србија е многу важна оваа интерконекција и дела треба да се изградат околу 70 километри гасовод кон Македонија од српска страна, а земјава да изгради уште 23 километри.

– Јас молам за овој проект, кој комесарот Оливер Вархеи и претседателката на ЕК, Урсула, веќе го прифатиле со Северна Македонија. Многу ни е важно со ова да стартуваме што поскоро, бидејќи денес во Скопје постои гасна електрана и ние и да имаме гас, не можеме директно да одиме со Македонците, туку преку Бугарија, па комплетен реверсен дел да правиме со нив и сето ова ни е многу важно – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека во иднина Србија мора да се поврзе и со Црна Гора и со БиХ и Република Српска и да тоа ќе биде можно по изградбата на гасната интерконекција со Македонија.

– И тогаш ќе можеме да се поврземе и со Албанија и со Грција со ЛНГ терминалот за течен природен гас, како и со други извори. Тогаш ќе бидеме во многу подобра позиција кога станува збор за диверзификација на изворите на снабдување и особено за поврзување со гасоводите ТАП и ТАНАП и другите ЛНГ терминали – рече Вучиќ.

Тој потсети дека Србија ќе може да добива гас преку ЛНГ терминалот во Александрополис на северот на Грција.

Вучиќ на претседателката на ЕК Лајен и порача дека според предвидената цена, изградбата на гасната интерконекција меѓу Србија и Македонија ќе чини повеќе од 70 милиони евра.

Тој додаде дека соседните земји треба да си помагаат меѓусебно кога е во прашање гасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца млади насилници од Идризово биле агресивни…

Двајца насилници од Идризово може на некое…

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар…

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер,…

„Србија е европска велесила во гаснењето пожари“,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…

Историска мисија на НАСА: Во 2028 година…

Американската вселенска агенција НАСА официјално ја одреди…

Нов ценовен удар или поевтинување: РКЕ утре…

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе носи…