Фон дер Лајен: Македонија припаѓа во ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во објава на својот Твитер-профил денеска изрази надеж дека сите партии во македонскиот парламент ќе ги поддржат уставните измени и патот на земјата кон Европската Унија.
Објавата на Фон дер Лајен е во контекст на нејзината средба со премиерот Димитар Ковачевски одржана вчера во Атина, на маргините на неформалната вечера што по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ од Самитот ЕУ – Западен Балкан ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
„Добра размена на мислења со премиерот Димитар Ковачевски. Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата влада во Парламентот. Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат, за придвижување на европскиот пат на Македонија. Македонија припаѓа во ЕУ“ – напиша шефицата на ЕК на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…