Фон дер Лајен: Не мора да чекате датум можете и да побрзате да одите напред

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен е децидна дека работите во Унијата се менуваат на подобро и вели дека она што гледа сега е вистинска динамика во процесот за проширување.

-Сакаме Западен Балкан да се приклучи – и вие и ние треба да се подготвиме. Започна дискусија во ЕУ околу ова. Ова не беше случај во минатиот мандат. Нешто значително се промени и работите се конкретни. Затоа мојата молба во земјите од регионот е дека ова е отворен прозорец со можности. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги. Никој не мора да чека одреден датум, можете да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување. Ајде заедно да го искористиме моментот, побара Фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Владата.

Околу уставните измени, шефицата на ЕК истакна дека изборот е наш.

-Затоа се надевам дека сите страни и партии ќе го искористат моментот и ќе ги поддржат уставните измени. Сите партии имаат одговорност на иднината на Македонија. Се надевам дека движењето напред ќе биде поддржано од широко мнозинство, посочи Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…