Фон дер Лајен: Ќе вршиме притисок врз Русија се додека е потребно!
Претставниците на земјите од ЕУ го одобрија седмиот пакет санкции против Русија, објави на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Земјите-учеснички постигнаа договор за зголемени и продолжени санкции на ЕУ против Кремљ. Го поздравувам ова. Ова испраќа силен сигнал до Москва – ќе вршиме голем притисок се додека е потребно“, нагласи таа.
Ден претходно, постојаните претставници на земјите од ЕУ го одобрија седмиот пакет санкции против Русија, кој, меѓу другото, е насочен кон извоз на злато, нови мерки за контрола на извозот, замрзнување на имотот на Сбербанк, како и како санкционирање на дополнителни 50 физички и правни лица.
Фондер Лејен претходно објави дека „затоа денес предлагаме да ги заостриме нашите санкции на ЕУ против Кремљ, да ги спроведеме поефикасно и да ги продолжиме до јануари 2023 година. Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…