Форум на жени СДСМ: Кочовска се дрзна да ѝ каже на Петровска дека таа не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама, најостра осуда

t

– СДСМ и Форумот на жени најостро ја осудува денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, кон пратеничката Славјанка Петровска.

Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на сите граѓани, Кочовска посегна по коментирање на приватниот живот на Петровска, потсмевајќи и се дека нема семејство и дека не е мајка.

Ова е уште една во низата потврди за тоа дека ДПМНЕ без никакви резерви и секогаш прибегнуваат кон дискриминација и понижување на жените.

Кочовска се дрзна да ѝ каже на Петровска дека таа не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама.

Во типичен и крајно дрзок дпмневски манир, Кочоска ѝ кажа на Петровска дека воопшто не ја почитува.

Ова е најдолниот настан којшто се случил во македонскиот парламент.

Бараме Кочовска да излезе и јавно да се извини на Петровска и на сите жени кои денеска ги омаловажи и ги понижи.

Ги повикуваме и од Унијата на жени на ДПМНЕ, да реагираат и да ја осудат оваа срамна изјава заедно со навредите на Кочовска.

Мора да се стави крај на дискриминацијата против жените и оние кои се борат за баланс помеѓу работниот, семејниот и социјалниот живот, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…