(Фото+видео) Гужва пред Уставен суд: Врие од полиција, има медицински возила и високи функционери на „Европскиот фронт“

t

Пред Уставниот суд се уште е гужва, иако судот одлучи дека ќе има подготвителна седница за Законот за јазиците.

Покај тоа што има зголемено полициско присуство, пред судот има и возила на итната медицинска помош, како и високи функционери од „Европскиот фронт“, кои организираа „јазична стража“.

Судијата известител Елизабета Дуковска предложи да се одржи подготвителна седница, што доби поддршка од повеќе судии, вклучувајќи ги Ана Павлова Данева, Татјана Васиќ Бојаџиева, Јадранка Дабовиќ и Дарко Костадиновски. Судијата Добрила Кацарска не се согласи со предлогот, сметајќи дека веќе има доволни подготовки.

Поддржувачите на одлуката ја истакнаа важноста на подготвителната седница за да се покажат дека владее правото и дека уставноста не се брани на улиците, туку во судот. Тие повикаа на трпение и доверба во институциите и нагласија дека одлуката ќе помогне во отфрлањето на наводите за политизација.

Според одлуката, на првиот нареден работен состанок ќе се разгледаат предлозите за спорни прашања и учесниците во расправата.

Уставниот суд денеска ја одржува 32-та седница на која меѓу точките на дневен ред се и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот. На седницата не присуствуваат судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.

Изјава пред Уставниот суд утрово имаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но и Зијадин Села.

Погледнете ја атмосферата во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…