ФОТО+ВИДЕО | Македонија ќе го организира Светскиот собир на спачеци во 2029 година

t

Љубителите на популарниот француски автомобил 2CV (спачек), кои се членови на скопскиот 2CV клуб, вчера на 25. Светски собир на спачеци, што се одржува во Постојна, Словенија, ја освоија организацијата на 27 Светски собир на спачеци во 2029 година.

Македонија доби најголема поддршка во однос на останатите кандидати Чешка, Франција, Полска и Летонија. Љубителите на спачеци од целиот свет покажаа најголем интерес за нашата земја и оценија дека претставниците од Македонија имаа најдобра презентација на можностите што можеме да ги понудиме за ваквиот собир. За време на прогласувањето на победникот нашата земја доби најмногу овации и поддршка.

Повеќе од седум илјади посетители на Светскиот собир на спачеци, имаа можност на македонскиот штанд да пробаат од македонските специјалитети, ајвар, сирење, кашкавал, сланина, домашна ракија и македонско вино. Македонските претставници подготвија и 10 килограми грав кој со воодушевување го пробаа љубителите на спачеци од целиот свет.

Секако, на македонскиот штанд беа делени и промотивни материјали за убавините на Македонија, за што беше покажан огромен интерес.

Светскиот собир на спачеци, кој се одржува на секои две години, се издвојува по својата масовност и уникатност. На ваквите собири доаѓаат и повеќе од четири илјади спачеци од целиот свет и во текот на тие пет дена се организираат различни видови активности, забави и дружења.

https://www.youtube.com/watch?v=-FRJNASXLdk&t=2s

ИЗОР: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

Франција го забрани традиционалниот собир на муслиманите…

Франција го забрани традиционалниот собир на муслимани…

Половина милион луѓе се собраа во Истанбул…

Илјадници луѓе се придружија на новогодишниот собир…

ФОТО+ВИДЕО | Македонија ќе го организира Светскиот…

Љубителите на популарниот француски автомобил 2CV (спачек),…

Вучиќ организира голем собир во Србија на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва ги…