Објавено на:

(Фото+видео) Трагично: Редици млади Етиопијци чекаат пред руската амбасада за да се пријават како доброволци во Украина

t

Голем број млади Етиопјани се собираат пред руската амбасада во главниот град Адис Абеба, а се шират информации дека Русите регрутираат војници за војната во Украина.

Ваквите шпекулации се проширија откако многу Етиопјани се собираат пред амбасадата носејќи лични документи.

Еден млад човек кој чекал на влезот за „Би-Би-Си“ изјавил дека бара добра плата како војник или да добие друга работа.

Сепак, Русија ги демантира таквите информации, а челните луѓе на амбасадата тврдат дека во Етиопија не е во тек регрутирање и дека многумина се солидаризираат со Русија.

Многумина изразуваат поддршка за Русија, а некои од нив се подготвени да помогнат на секаков начин. Меѓутоа, ние не регрутираме – изјави портпаролката на тамошната руска амбасада, Марија Чернукнина, .

Амбасадата ја објави ситуацијата и на Твитер.

Ве информираме дека амбасадата не прифаќа никакви барања за регрутирање во вооружените сили на Руската Федерација – се наведува во соопштението, во кое тие се заблагодаруваат на Етиопија за поддршката што и ја пружила на Русија за време на гласањето во ОН.

Етиопија беше меѓу земјите кои не гласаа во врска со резолуцијата за руската воена акција во Украина, кога 17 африкански земји беа воздржани од гласање, а меѓу нив и Јужноафриканската Република.

Линк од видеото на Фејбук: https://www.facebook.com/watch/?v=299557698999809

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…

Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…

Амбасадата на САД во Багдад, Ирак се…

САД соопшти дека делумно ја евакуира амбасадата…

Можни нови судири? САД ги повика државјаните…

Амбасадата на САД во Либан денеска ги…

Амбасадата на САД во Израел одобри заминување…

Американскиот Стејт департмент го одобри заминувањето на…

БРИКС покани шест држави да бидат целосни…

Групата на земјите во развој БРИКС -…