Објавено на:

ФОТОГРАФИЈА КОЈА НЕМА ЦЕНА: Ѓоковиќ и Меси се сретнаа во Њујорк

t

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ престојува во Њујорк каде во понеделник ќе се натпреварува на УС Опен. Додека чека да го почне својот поход кон по 24. Грен слем титула во кариерата, Србинот се сретна со еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси, кој од оваа сезона игра за Интер Мајами.

На интернет се појави нивната заедничка фотографија која предизвика голем интерес меѓу фановите. Меси и Ѓоковиќ се познати по тоа што имаат огромна почит еден кон друг.

Ѓоковиќ ѝ даде поддршка на Аргентина на Мундијалот и отворено го поддржа Меси. Лео, пак, зборуваше за Србинот откако Новак го подигна десеттиот трофеј на Австралија Опен.

– Сè уште станувам емотивен кога гледам видеа на социјалните мрежи како Ѓоковиќ го крева пехарот на Австралија опен – изјави Меси при првото интервју за медиумите по титулата.

Ѓоковиќ ќе излезе на терен во понеделник, а ривал во првото коло на УС Опен ќе му биде Александар Милер, па ќе биде интересно да се види како Меси го бодри Новак во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…