(Фото) Александар Николоски со обраќање на најголемиот политички летен камп во Европа

t

На покана на Фондација за малцинства ,,Pro Minoritate” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ќе има свое обраќање на најголемиот летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој се одржува оваа година по 31ви пат традиционално во Трансилванија – Романија по пауза од две години поради корона пандемијата. На овој камп учествуваат голем број видни политичари од целиот свет, сериозни тинк тенк организации, новинари, професори на реномирани меѓународни универзитети и активисти во сите полиња од општеството.

На кампот е предвидено Николоски да има свое обраќање на тема „Интеграцијата на Западен Балкан – бесконечен процес? “ каде што покрај Николоски на темата ќе имаат обраќање и Габор Борзели – директор на Фондацијата Роберт Шуман, Ласло Орлос извршниот директор на непрофитната организација „Западен Балкан – Зелен Центар“ и аналитичарот Истван Шакали.

На овој настан предвидено е да учествуваат Виктор Орбан премиерот на Унгарија, Барбара Колм од Австрија потпретседател на Националната Банка на Австрија, Џон Фунд новинар од Фокс Њуз од Америка, Диедрик Бумсма писател и советник во Амстердам, професорот од Америка Каплан Џефри, Михали Варга министер за финансии на Унгарија, Јудит Варга министер за правда на Унгарија, Истван Наѓ министерот за земјоделие на Унгарија, како и бројни други влијателни политичари од регионот и светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…

Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…