(Фото) Американските сенатори се засолнија од ракетен напад на Хамас: Низ ова поминуваат Израелците!
Водачот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, на социјалните мрежи изјави дека двопартиска група сенатори кои го посетувале Израел била итно пренесена во засолниште во Тел Авив за да чекаат да помине ракетниот напад од Хамас. Шумер објави фотографија од себе и републиканскиот сенатор Мит Ромни од Јута во засолништето.
„Тоа ви покажува низ што треба да поминат Израелците. Мора да му обезбедиме на Израел потребната поддршка за да се одбрани“, рече Шумер на X, платформата порано позната како Твитер.

Шумер, највисокиот еврејски избран функционер во Соединетите Држави, отиде на патувањето за да покаже поддршка за Израел пред очекуваното барање од американскиот претседател Џо Бајден до Конгресот да го одобри финансирањето на Израел за време на војната, како и за Украина.
Демократот Шумер, рече дека ќе разговара и со израелските власти за тоа каква поддршка ќе и треба на земјата и за воени и за хуманитарни операции.
На патувањето беа и републиканските сенатори Бил Касиди од Луизијана и демократските сенатори Џеки Росен од Невада и Марк Кели од Аризона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…