(Фото) Арсовска им честиташе на победниците: Успешно реализиран Скопскиот Маратон- Над 8500 учесници од 47 земји од светот

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук им упати честитки на победниците на осумнаесеттиот Скопски Маратон во кој учествуваа над 8500 професионални тркачи од 47 земји од целиот свет.

– Скопје и оваа година по 18-ти пат беше горд домаќин на над 8500 професионални тркачи, рекреативци, млади тркачи и бројни поддржувачи од 47 земји од целиот свет вклучително и Македонија. Градот Скопје покрај тоа што финансиски ја поддржува оваа голема спортска манифестација која ги промовира Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, исто така овозможува и логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно одржување на овој спортски настан.

Им упатувам искрени честитки на победниците и учесниците на сите трки, како и на волонтерите чија поддршка секоја година допринесува за уште поуспешна организација на Скопскиот маратон, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По една деценија ЈСП се ослободува од…

По долги години ЈСП конечно се ослободува…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…