(Фото) Базата на „Фалангата” во Краков е во пивница стара 180 години!
Се загрева атмосферата во Краков во пресрет на првиот натпревар на Македонија, утревечер (20.30) против Норвешка. Членовите на популарната „Фаланга“ полека се собираат од Македонија, но и од други делови на Европа, а утре, пред натпреварот ќе се обединат во едно место.
Навивачка база на Македонија во Краков ќе биде пивницата „Лубич“, објект кој има традиција речиси, два века, бидејќи била основана во 1840 година.
Зборното време е од 15.30 часот утре, на пет часа пред натпреварот, за потоа сите заедно да се упатат кон „Таурон арена”. Пивницата се наоѓа во центарот на Краков, на околу три и пол километри од арената, а фановите во Краков можат да ја најдат на оваа адреса.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…