(Фото галерија) Скопје исчистено откако Данела вчера успешно се справи со политичкиот смет во државата!

t

Инструираното сценарио за собирање на ситни политички поени од страна на Мицкоски во соработка со мафијашки структури во Јавното комунално претпријатие – Скопје неславно заврши пред очите на целата македонска јавноста.

Откако вчера Арсовска ги извади политичките стаорци на виделина потенцирајќи дека мафијашки структури неколку дена ја блокираат работата на КХС поради свои лични интереси денес во Скопје се спроведува масовна акција за чистење на сметот.

-Мафијашки структури веќе неколку дена ја блокираат работата на КХС поради лични интереси. Се работи за лица кои 15 години работеле само трета смена спротивно на закон и колективен договор, голем дел од нив воопшто не се појавувале на работа и не ги извршувале своите работни обврски. Сега истите не дозволуваат сите останати 1300 вработени да ја извршуваат работата, вели Арсовска.

ОД фотографиите може да се да се види дека контејнерите се испразнети, улиците се чисти, а обидот за блокада на прептријатието пропадна како што впрочем претходно пропаднаа обидите за блокада на работата на ЈСП.

Фотографиите се направени на повеќе локации низ Скопје.

Неуспешен беше обидот и на Христијан Мицкоски да собере политички поени наштетувајќи им на интересите на граѓаните.


Напротив целата македонска јавност е свесна за координираните блокади на јавните претпријатијатија од страна на Мицкоски со одредени мафијашки структури.

Репризата од блоадата на ЈСП која продолжи со блокада од приватните превозници од лица инструирани од Мицкоски доживеа вистински дебакл.

Скопје е повторно чисто како што доликува на еден главен град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…

Пожарот кај Студеничани се шири – Во…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…