(Фото) Градот Скопје заедно со збратимениот град Сараево, потпиша протокол за зајакнување на соработката помеѓу двете претстолнини
,,Со збратимениот град Сараево, денес потпишавме протокол за зајакнување на соработката помеѓу двете претстолнини.
Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина.
Со новиот протокол, градот Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација” , напиша на Фејсбук, Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…