(Фото) Децата се бореа со волци, родителите видоа пушки и пиштоли од НАТО
Во организација на Владата на Република Македонија денеска на неколку локации се чествува големиот државен празник 8 Септември – Ден на независноста, под слоганот „Обединети во слободата“.
Во рамки на „Отворениот ден“ на „Школка“ во Градскиот парк со богата програма денеска граѓаните чествуваа големиот државен празник. На настанот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни работи Славјанка Петровска и Оливер Спасовски кои заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски ги посетија припадниците на Армијата и Министерството за внатрешни работи. На настанот беше присутен вицепремиерот Фатмир Битиќи кој имаше можност да ја проследи богатата програма.

За најмладите „Театарот за деца и младинци“ ја изведе претставата „Лакомата меца“, а од страна на единиците на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи се изведуваа тактичко показни вежби.
Во пријатна музика и празнично расположение на Градскиот парк, единиците на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Република Македонија се претставија пред граѓаните, демонстрирајќи ја нивната подготвеност во секое време да ја чуваат стабилноста и безбедноста на нашата земја.

Се демонстрираа вежбовни активности-презентација на опремата и возилата и сите имаа можност за одблиску запознавање со единиците на МВР и на Армијата.
Пред граѓаните единиците за специјални операции – Волци ги презентираа своите борбени вештини. Изложени се и борбените и специјални возила на Армијата, личното вооружување со кое располага Армијата, специјална воено полициска опрема, нуркачка опрема како и алпинистичка опрема.
Граѓаните, особено најмладите, имаа можност да се дружат и со припадниците на полициските служби, Одделот за специјални полициски операции, и се запознаа со нивните задачи, униформи, опрема.
8 Септември го одбележуваме заедно со граѓаните – партнерството го промовираме на терен, за сите генерации без исклучок, затоа што секој еден граѓанин ни е важен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…